Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов извршија увид во градежните работи на проектите "Валандовска патека од природа до култура" и "Евалуација на мерки за енергетска ефикасност" кои се во завршна фаза на имплементација.

Со реализацијата на овие проекти, општина Валандово добива нова туристички уредена зона со елементи за рекреација и спортување на граѓаните од сите возрасти и целосно реконструирана детска градинка по највисоки стандарди, во енергетски ефикасен објект. Овие два проекти се поддржани од Министерството за локална самоуправа, општина Валандово, Бирото за регионален развој и фондовите за прекугранична соработка при ЕУ.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР