Дигитален настан на Инфо центар Спојувалка со Амбасадорката на САД


Амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз одржа виртуелен настан со младите од инфо центарот "Спојувалка" во Валандово и младите од инфо центарот од Солун, и им даде целосна поддршка во активностите за поврзување и вмрежување со младите од општини од Р. Грција.
Инфо центарот "Спојувалка" и инфо центарот од Солун, Р. Грција се дел од мрежата на
Youth Alliance.
Целта на инфо центрите од двете држави е градење на соработка и заедничка иднина помеѓу Р. С. Македонија и Р. Грција.
Секој млад човек од нашата општина и околните региони, може да се вклучи во работата на инфо центарот "Спојувалка" и истиот може да го посети во Домот на култура "25 Мај" Валандово.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР