ИЗВЕСТУВАЊЕ

на  јавна расправа со цел информирање на граѓаните и засегнатите страни  за активностите  за изградба на нова градинка    и за документот  “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка” во Општина Валандово во рамки на Проектот за подобрување на социјални услуги (ППСУ Проект)

Во рамки на “Проектот за подобрување на социјални услуги (ППСУ Проект” кој се реализира од Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел зголемување на капацитетите за сместување на деца од предшколска возраст Општина Валандово аплицираше со проект за изградба на нова детска градинка.

Согласно Оперативниот прирачник на проектот и Оперативниот прирачник за администрирање на грантови за изградба на предушилишна инфраструктура Министерството за труд и социјална политика и Општината Валандово,  организираат  јавна расправа со цел информирање на граѓаните и засегнатите страни  за активностите  за изградба на нова градинка и за документот  “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка” во кои се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на:Министерството за труд и социјална политика (http://www.mtsp.gov.mk/) и на Општина Валандово (.http://www.valandovo.gov.mk/)

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Со цел презентирање на главните наоди од подготвениот документ “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти”, Министерството за труд и социјална политика заедно со Општина Валандово ќе организираат јавна расправа на ден 27.12.2019 со почеток во 13:00 часот. Јавната расправа ќе се одржи во просториите на Општина Валандово во Одделение за локален економски развој.

ДНЕВЕН РЕД   

Првична ограничена оцена на влијание на животната средина и социјални аспекти  

Министерството за труд и социјална политика

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР