Покрај другите надлежности согласно Закон за локална самоуправа со стапувањето на децентрализацијата од 2005 година Општина Валандово ја има надлежноста во образованието и труд и социјална политика.

    • Податоци за Општина Валандово од областа на образованието
      Во општина Валандово има две основни и едно средно училиште и тоа:
      • ООУ ,,Јосип Броз Тито ,,Валандово е општинско основно училиште во кое наставата се изведува во едно централно и 6 подрачни училишта. Има опфатено 670 ученици во вкупно 43 паралелки од кои 33 на македонски наставен јазик и 10 на турски наставен јазик.
        Центалното основно училиште ,,Јосип Броз Тито ,,Валандово се наоѓа во градот Валандово и има 372 ученика, додека другите подрачни училишта се наоѓаат во:
        ПОУ,,Гоце Делчев ,,Пирава со 139 ученици;
        ПОУ,,Нам`к Кемал,, Чалакли со 73 ученици
        ПУ,,Даме Груев,, Брајковци со 40 ученици
        ПУ,, Јени Ѓун,, Башибос со 7 ученици
        ПУ,,Моша Пијаде,, Дедели со 21 ученик
        ПУ,,Цветан Димов,,Казандол со 18 ученици
        Бројот на вработени е вкупно 95, од кои 69 се наставен кадар, 4 стручни соработници ,2 административни работници, 19 технички работници и 1 директор.
      • ООУ,,Страшо Пинџур,, Јосифово
        Општинското основното училиште „Страшо Пинџур“ е со седиште во с. Јосифово. Опфаќа 316 ученици кои учат во 20 паралелки од кои 18 на македонски јазик и 2 на турски наставен јазик. Во централното училиште„Страшо Пинџур учат 206 ученици додека во четирите подрачни училишта учат :
        ПУ„Страшо Пинџур“ Удово 45
        ПУ „Мито Симеонов“ Марвинци 26
        ПУ „Јане Сандански“ Грчиште 8
        ПУ „29 Ноември“ Калково 24
        Бројот на вработени е вкупно 45, од кои 30 се наставен кадар, 3 стручни соработници ,2 административни работници, 9 технички работници и 1 директор.
      • СОУ,,Гоце Делчев,,Валандово
        Средното општинско училиште ,,Гоце Делчев,, Валандово е средношколски центар со застапена гимназиска и земјоделско -ветеринарна струка со два образовни профили и тоа: лозаро –винарски техничар и техничар за фармерско производство. Во учебната 2017/2018 година има вкупно 228 ученици распоредени во 16 паралелки од I –тa до IV-та година.
        Бројот на вработени е вкупно 45, од кои 32 се наставен кадар, 2 стручни соработници,2 административни работници, 8 технички работници и 1 директор.

  • Податоци за Општина Валандово од областа труд и социјална политика - детска заштита
    На територијата на општина Валандово опстојува една институција за згрижување и воспитување на деца - Јавна општинска установа Детска градинка „Калинка“, која се наоѓа во градот Валандово. Опфаќа вкупно 226 деца од 0-6 години. Во склоп на детската градинка „Калинка“ работат и објекти - клонови во населените места Пирава, Јосифово и Удово.
    Опфат на деца:
    Објект Валандово 135 деца
    Објект Јосифово 38 деца
    Објект Пирава 21 дете
    Објект Удово 32 деца
    Бројот на вработени е вкупно 49, од кои 29 се воспитувачи и негователи, 2 стручни соработници,2 административни работници, 15 технички работници и 1 директор.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР