Врз основа на член 11,  член 30 став 1 алинеја 2 став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2015 и 35/2018), а согласно Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Валандово бр.01-608/3 од 10.07.2019 година Секретарот на Општина Валандово објавува

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2020

за унапредување на административен службеник во

администрацијата на Општина Валандово  

 

Општина Валандово објавува интерен оглас за унапредување на административен службеник во администрацијата на Општина Валандово, за следното работно место:

 

Шифра: ИНС  01 01 Б04 001

Назив на работното место: Раководител на одделение за инспекциски надзор- виш инспектор

Орагнизациона единица: Одделение за инспекциски надзор- инспекторат

Број на извршители: 1

 

Посебни услови за работното место:

 - степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Архитектура, Урбанизам и планирање и Градежништво и водостопанство,

 - работно искуство: најмалку четири години работно искуство во областа на надлежноста на инспекциската служба, од кои најмалку една години на работно место од нивото В1

 

 Посебни работни компетенции:

  - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и

 - положен испит за административно управување.

 - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),

Општи услови за работното место:

 - да е државјанин на Република Северна Македонија,

 - активно да го користи македонскиот јазик,

 - да е полнолетен,

 - да има општа здравствена способност за работното место,

 - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

            На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во општинската администрација на Општина Валандово, кој покрај општите и посебните услови, треба да ги исполнува и следните услови:

 - да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,

 - да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

 - да поминал најмалку две години на тековното работно место и

- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

 

  Распоред на работно време:

 - неделно работно време: од понеделник до петок;

 - работни часови неделно: 40

 - работно време: почеток на работно време помеѓу 7.00 и 8.00 часот и завршеток на истото помеѓу 15.00 и 16.00 часот, а со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

 

Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 44.554,00 денари.

 

Заинтересираниот административен службеник поднесува пријава на службената електронска адреса на Одделението за правни и општи работи, јавни дејности и човечки ресурси administracija@valandovo.gov.mk

Пополнетата пријава, како и доказите за податоците содржани во пријавата потребно е во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас, во хартиена форма преку архивата на Општина Валандово, да ги достави до Одделението за правни и општи работи, јавни дејности и човечки ресурси.

 Кон пријавата кандидатот може да приложи:

  • потврди за успешно реализирани обуки и/или
  • потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник).

            Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

 Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка по овој оглас.

 

                                                                                                                                             ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

                                                                                                                                              Секретар, Боро Киров

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР