Одделението за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и локален економски развој ги врши следните работи:

– просторно и урбанистичко планирање – изработка, следење, спроведување на постапка за донесување на урбанистички планови;

– изготвување на програма за изработка на урбанистички планови;

– изготвување и реализација на програма за уредување на градежно земјиште;

– извршување на работи околу издавање одобрение за градба од надлежност на општината;

– одржување на јавната чистота;

– одржување на јавното осветлување;

– изградба, одржување и заштита на локални патишта, улици, паркинг простори и други инфраструктурни објекти;

– одржување и користење на зелени површини;

– општински превоз и авто-такси превоз на патници и сообраќајна сигнализација;

– определување на имиња на улиците и другите инфраструктурни објекти;

– следење на состојбите и извршување на работите од областа на заштитата на животната средина;

– заштита на граѓаните и материјалните добра и управувањето со кризи;

– планирање на локалниот економски развој;

– изработка на стратешки документи за развој на општината;

– изготвување на проекти;

– поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и на претприемаштвото на локално ниво;

– воспоставување и развој на локална мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство;

– изготвува и реализира прописи од областа на заштитата и спасувањето на граѓаните и материјалните добра, спроведување на подготовки и преземање на мерки за заштита од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и последици предизвикани од нив, врши анализа на состојбата и дава иницијативи и предлози за нивно решавање;

– други работи утврдени со закон и други прописи, статутот и актите на Советот и Градоначалникот на општината.


Одделението за Локален економски развој ги утврдува развојните и структурните приоритети на Општина Валандово, предлага мерки и активности за спроведување на локалната економска политика.

Одделението за Локален економски развој во Општина Валандово ги иготвува стратешките документи на Општината и тоа:

  • Стратегија за Локален економски развој по агенда 21
  • Локален акционен план за животна средина (ЛЕАП) за Општина Валандово

Основната цел на одделението за Локален економски развој е привлекување на финансиски средства и инвестиции со кои ќе се подобрат условите за живот на граѓаните во Општина Валандово. Ова одделение ги следи, ги подготвува и аплицира на тековни повици за финансирање на проекти кои се од важност за нашата општина.

Преку аплицирање на различни проекти од страна на одделението за Локален економски развој, Општина Валандово остварува успешна прекугранична соработка со општини од соседните држави Република Бугарија и Република Грција.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Е-ИНФОРМАТОР